Граѓани алармираат: Над 30 кучиња изгладнети до смрт се фрлени близу Маврово


Граѓани алармираат дека на излезот од Маврово, близу ресторанот Кораб, има околу 30 фрлени кучиња меѓу кои болни, повредени, изгладнети до смрт.

„Во животот мој не очекував дека ова ќе го видам. Надвор од Маврово после ресторан Кораб има место каде од сите околни градови со комбиња фрлаат кучиња. Над 30 кучиња, скелети полуживи со отворени рани буквално се на место како град на заборавените. Пит бул со отворени рани, тукушто породена. Куче без крзно. Едно прегазено, уште 4 околу него. Едно удавено во река. Пудлица без крзно. Ни кажаа дека цело Тетово и Гостивар тука фрла. ВЕ МОЛАМ, најдете ми превоз еднаш неделно ќе им носам по вреќа храна, па ќе видиме што понатаму. Ова е лудо, ситуацијата таму е полоша и од Вардариште. Јадеа коски од мртви кучиња. Ве молам исконтактирајте ме! Кучињава се заборавени од светов! Кој сака да ми помогне нека ми се јави на 078282126“, повикува хуманата Адриана Поповиќ на Фејсбук.

Кој сака да помогне исто така може да им се обрати на социјалната мрежа Фејсбук на страницата „Миленичиња улични и домашни“

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1