Граѓани од цела Македонија – на собирот на ВМРО-ДПМНЕ ќе се обрати Груевски


Граѓаните од повеќе градови ширум Македонија утрово масовно тргнаа за Скопје. Сплотено се собираат во родните градови и доаѓаат кон спортскиот центар „Борис Трајковски“ каде денес ќе се одржи голем собир на владејачката партија.

Во неколку автобуси, граѓани на Штип веќе патуваат кон Скопје, со цел да бидат дел од собирот на кој ќе се обрати лидерот на владејачката партија, Никола Груевски.vmro-sobir
Битолчани и прилепчани уште утрово се упатија кон собирот на владејачката партија.

Во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје денеска попладне голем собир ќе одржи ВМРО-ДПМНЕ на кој за во 15 часот е најавено обраќање на лидерот на партијата Никола Груевски.

Уште од рано утрово, граѓани од цела Македонија масовно се собираат и тргнуваат кон Скопје за да бидат дел од големиот собир.

Владејачката партија викендов организираше неколку јавни тематски трибини на кои учествуваа пратеници и членови на Владата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер Никола Тодоров во петокот најавувајќи ги настаните истакна дека нивната цел е да покажат дека продолжуваат да реализираат проекти и конкретни дела.

– Без оглед на желбите и сценаријата на нашите опоненти, ние секогаш сме се одликувале со поразлична свест од нив, поразлично чувство на одговорност кај граѓаните и кон државата затоа што за нас секогаш интересите на Македонија биле и се пред сите други, рече Тодоров.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1