Граѓаните бесни: Не сакаат бензинска пумпа на местото на пазарчето Буњаковец


Граѓаните револтирани од идејата на местото на пазарчето Буњаковец да се гради бензиска пумпа, а над безниската да има затворен пазар, јавува Сител.

-Јас би сакал да остане пазарчето и да го прошират, а бензиска не на ова место тука.

-Можно ли е на едно место бензиска и пазар…,прашуваат граѓаните.limon pazar

Како што вчера објави Пресс 24, Зоран Заев, Тито Петковски и Андреј Жерновски работат на планот за усвојување на неколку скандалозни ДУП-ови во кои се кријат опозициските бизнис шеми. Еден од плановите кои треба набргу да се донесат е измена на ДУП-от Градска четврт 3 10 – локалитет Дебар Маало 1 и дел од Дебар Маало 2, каде што веќе е испланирано на местото на пазарчето „Буњаковец“ да се изгради бензинска пумпа и затворен пазар кој треба да послужи како алиби да се избалансира гневот на пазарџиите.

Според информациите кои излегоа во јавност веќе би направен „дил“ со кој по изгласувањето на измените на ДУП-от од страна на Советот на Општина Центар, бензинската пумпа да му припадне на Штипскиот бизнисмен Мите Николов, познат како „Мите брилијант“, бизнисмен кој важи за близок до СДСМ, јавува Сител.

Информацијата за бензиска на пазарчето Буњаковец синоќа наиде на остри критики и на социјалните мрежи.

– Пресреќни сме од кога дојде, направи една уличка па уште боемска, пријателите каде да му се собират, црква сакаше да руши. Сега колку паметно сака да биде хуманитарец па решил да помогне на пријател, пазар да затвори, човекот пумпа да си отвори.

–  Демократска бензиска а горе врз целиот бензин и нафта пазар… Ова се дел од коментарите на социјалните мрежи за пазар и бензиска на исто место.

Жерновски се јави на социјалните мрежи. Напиша дека упорно се бара криминал во неговото работење, но како што вели безуспешно. Сепак, тој не одговори на прашањето, дали постои намера за измена на ДУП-от и дали среде центар ќе никне бензинска пумпа на местото на пазарчето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1