ГРАЃАНИТЕ БЕСНИ – „Водовод“ им се извини за рестрикциите со водата


Јп „Водовод и канлизација“ искрено им се извинува на сите граѓани, кои имаа непријатности поради прекините во водоснабдувањето и жали за проблемите со кои се соочија. Компанијата изразува благодарност за трпението на граѓаните во минатиот период.

„Би сакале да дадеме објаснување до граѓаните околу честите прекини на водоснабдувањето, посебно во високата зона на населбите Аеродром и Ново Лисиче и да упатиме извинување до нив.

Во последните 6 дена, ЈП Водовод и канализација – Скопје, работеше на реконструкција на мрежата на булеварот Србија, во насока на подобрување на водоснабдувањето за жителите на Општина Аеродром и дел од Општина Кисела Вода.

На 12. септември се почна прво со реконструкција на најголемиот профил на цевка Ф700. Поради премногу вода на самото место реконструкцијата се пролонгираше и граѓаните останаа без вода многу повеќе од предвиденото.

Потоа на 17.09.2017, се почна со вториот дел од реконструкцијата на цевка со профил Ф500, каде решивме работите да се изведуваат во текот на ноќта под рефлектори со почеток од 24:00, за да не трпат жителите од високата зона во Аеродром и Ново Лисиче.

Реконструкцијата беше завршена во 13:30 часот и водоснабдувањето беше стабилизирано. Екипите работеа цела вечер во тешки услови за да се заврши што побрзо со реконструкцијата.

За жал, рано денес, се случи и дефект на истиот потег на булеварот Србија, но на друга цевка, со профил Ф400. Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, веднаш излегоа на терен и се при крај со санирање на овој дефект, со што се надеваме дека веќе ќе се стабилизира целата мрежа, заедно со новите реконструкции, кои ги изведувавме минатиот период. Цистерни со питка вода кружат на потегот од Три Бисери до Капитол Мол и од поштата до последна 5ка и 15ка“, се наведува во соопштението на Водовод и канализација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1