Граѓаните да внимаваат на ознаките кога купуваат органска храна


Грaѓаните да внимаваат кога купуваат органски производи. Само оние домашни продукти кои ја имаат националната ознака- сонце околу кое  вирее фиданка, се навистина органски и ги исполнуваат сите стандарди,  посочуваат од Организацијата за заштита на потрошувачите. Многу често на производите пишува дека се од вакво производство но ја немаат ознаката, поради што потрошувачите се доведени во заблуда. Увезените производи од ЕУ  пак имаат ознака во облик на лист составен од ѕвезди кои се преземени од знамето на ЕУ.faktori-hrana-300x300

– За домашните органски производи законски е забранета употребата на термините „еко“, „био“, „еколошки“ и на сите префиски, суфикси, кратенки или нивни комбинации изведени од терминот „органско“ кои може да го доведат во заблуда купувачот. Само органските производи кои се увезени може да бидат декларирани како „еколошки“, „биолошки“,…, согласно усвоениот термин во земјата од која доаѓаат, нагласи Лончар Велкова.

Од министерството за земјоделство велат дека иако расте интерсот  за органски производи, во земјава има само 350 домашни органски производители. Најмногу се произведуваат органски житарици а најмалку градинарски култури.

Надлежните институции имаат креирано и веб страна ( http://organskisvet.mk/ ) на која потрошувачите можат да проверат како да ја препознаат органската храна и каде има специјализирани продавници каде што можат да ја купат.

Побарувачката на овие производи на глобално ниво постојано расте и потрошувачите се повеќе ги препознаваат придобивките од органската храна.

Пазарот на органски производи е пораснат од 15 милијарди долари во 1999 на 72 милијарди долари во 2013 година.

Sitel.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1