Српските медиуми ја посетија Северна Митровица и таму поразговараа со продавачите за ситуацијата која се случува деновиве. Во повеќето продавници на Северна Митровица лебот бил во доволна количина и ова утро, како што изјавиле продавачите леб пристигнува и од пекарниците од Зубин Поток.
Краткотрајното млеко од Србија повеќе не е во продавниците, а долготрајното се уште е на залиха, и ќе има за наредните два-три дена.
– Некои помали продавници кои се снабдуваат од јужниот дел на градот останаа без леб бидејќи на Косово, јужно од Ибар, кај Албанците брашното поскапе од 290 на 370 евра по тон, сега лебот е многу скап што луѓето немаат сметка да го купуваат, вели еден од продавачите.
Лебот во продавниците ова утро, како и во изминатите денови чини 50 динари, два литра долготрајно млеко околу 160 динари. Другите прехранбени производи од Србија се уште ги но само за следните неколку дена.
– Млекото што го купив ова утро е од магацинот од продавницата, од залихите, лебот е од Зубин Поток, фала му на Бога што се уште во градот има се. Не се плашам, ако се плашам не би останала тука да живеам, изјавила една пензионерка за српските медиуми.