Фудбалерите кои имаат македонски пасош нема да можат да настапат во тимвоите кои настапуваат во грчките лиги пренесува Сител. Ваквата скандалозна уредба ја донела Грчката влада а истата стигнала и до грчката фудбалска федерација и клубовите.
Ваквата одлука на грчката влада е потврдена од страна на македонски фудбалери кои настапуваат за тимови кои играат во пониските лиги. Ваквата одлука е донесена поради тоа што во нивните пасоши го постигнува уставното име на Македонија, а од нив било побарано да истото се смени во ФИРОМ или Скопје.
Ваквата уредба е донесена пред една недела. Грчките клубови веднаш ги известиле политичарите, а со ваквата одлука е известена и ФИФА, како и македонската дипломатска мисија која не е запознаена со случајот.
Адвокатите и и раководствата на клубовите во Грција истакна дека досега не е сретната со ваква срамна одлука која како што велат не е само дискриминирачка туку и расистичка и дополнуваат дека нема шанси да помине.
Фудбалерите имаат валидни докуменит за престој работа а ги имаат подмирено и сите даноци и останати обврски кои државата од нив ги барала.
Адвокатите на фудбалерите им даваат надеж велејќи дека ваквата одлука е нелегална и до понеделник ќе се среди.