Грчки европратеник гласал Македонија да почне преговори со ЕУ


Европратеникот од групата на Зелените, Никос Хрисогелос е единстениот грчки европратеник кој гласал Македонија да ги почне преговорите со Европската унија, јави дописникот на МИА од Атина.

greece_fyrom_flags26Европскиот парламент во четртокот во Стразбур изгласа резолуција со која уште еднаш јасно се побара од Советот на Европската унија да и додели без одлагање, датум за почеток на преговорите на Република Македонија во јуни годинава.

За резолуцијата предложена од британецот Ричард Ховит, гласаа 505 европратреници, 61 беа против и 31 воздржани.

Групата на Зелените во ЕП во четвртокот ја поддржа препораката на Европската комисија, додека во исто време сите грчки европратеници остро се спротивставија на европската перспектива на Скопје, јавуваат грчките медиуми.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1