Грчки “Гудис” во Скопје – Се отвора првиот ресторан во Веро Центарот


Овој петок официјално ќе започне со работа првиот ресторан на “Гудис” во “Веро центарот”, со што скопјани ќе имаат уште еден ресторан за брза храна, пренесува Точка.ком.мк

gudis-ver-restoran-01Ова е првиот ресторан што се отвора во Скопје од ланецот на познатите грчки ресторани за брза храна, за кој франшизата ја има Веро („Веропулос“ ДООЕЛ Скопје).

Приказната за Гудис почна во 1975 година во Солун со воведување целосно нов концепт во бизнисот со брза храна. Има над 130 ресторани во Грција, два на Кипар и еден во Тирана. Главна цел на компанијата во моментов е проширувањето на странскиот и грчкиот пазар, при што е планирано да започнат со работа дури 22 ресторана во повеќе земји.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1