Уапсен Лирим Јакупи Нацист – само што излегол од затворот – го уапсиле на капијата


Лирим Јакупи Нацист е уапсен во Косово, јавува албанската агенција ИНА, пренесува Прес24. Според информациите, Нацист е уапсен пред влезот на затворот Дубрава од инспектори на ЕУЛЕКС.

lirimjakup779609768Роднините и пријателите кои го чекаа пред затворот каде ја одлежуваше затворската казна и од каде денеска требаше да биде ослободен, останаа со празни раце, бидејќи, наместо на слобода, Нацист повторно доби лисици на рацете и тоа по барање на македонската полиција.

Јакупи е на списокот на бегалци по кои трага македонската полиција со меѓународна потерница. Се бара за повеќе кривични дела извршени во скопско Кондово во 2004 година но и за акцијата Бродец во 2007 година.

За апсењето е известена и македонската полиција. По комплетирањето на документацијата тој треба да и биде испорачан на земјава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1