Храбрата медицинска сестра Линда Алвеис од САД го спаси пилотот и сите патници во авионот по несреќата која се случила .
Драмата започнала 20 минути по полетувањето на 30 декемврина летот од Дес Моинес за Денвер. на висина од 10.000 метри, на пилотот му се слошило и доживеал срцев удар. медицинската сестра притрчала во помош а кога видела колку е сериозна работата преку разглас прашала дали некој од патниците е лекар. Се пријавила да помогне една медицинска сестра која била на тој лет.
Линда вели дека сите се смириле откако сфатила дека пилотот ќе преживее, но настанала паника по второто известување, кога стјуардесите прашале дали некој знае да вози авион. Веднаш настанала паника меѓу патниците
– Во кокпитот беше пилотот, кој беше зашеметен, не можеше нормално да зборува. Забележав дека срцето му чука забрзано, по што претпоставив дека се работи за срцев удар, раскажала Линда.
За среќа копилотот со помош на пензиониран воен пилот кој бил меѓу патниците, успешно слетал на аеродромот во Омаха, а пилотот веднаш бил пренесен во болница, јави Дејли мејл.