Провокација, за грчките медиуми, е вчерашната изјава на македонскиот премиер Зоран Заев, кој препорача да се отвори и грчкиот Устав „за се види како Грција води грижа за Грците надвор од земјата“.
Новинарите генерално го пренесуваат текстот објавен од грчката новинска агенција АНА-МПА, но под различни наслови.
„Провокација од Заев: И Грција да го отвори нејзиниот Устав“; „Заев: Промената на Уставот не е решение, го решивме иредентизмот“; „Провоцира Заев: Ненадејно поставува прашање за споредба на грчкиот со скопскиот Устав“; „Предлог од Заев за меѓународен договор наместо промена на Уставот на ПЈРМ- отвора прашање и за грчкиот Устав“; „Заев: Да го отвориме и Уставот на Грција“, се само дел од насловите во грчките медиуми.
– Премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев излезе со проценката дека промената на Уставот на земјата не претставува трајна гаранција за Грција, пишува АНА-МПА на почетокот од текстот, што го презедоа речиси сите грчки медиуми.
Грчките медиуми ја пренесоа и веста дека Зоран Заев имал телефонски разговор со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.