Навивачи на грчкиот клуб „Олимпијакос“ вчера околу 11 часот на бензинската пумпа на „Лукоил“ кај Куманово без повод и причина, физички го нападнале вработениот Ј.А. (35), соопшти денеска МВР.
Тие го удриле по главата и телото, го плукале, го влечеле и туркале во маркетот и одзеле разни артикли и извршиле оштетување на објектот.
Во 15.00 часот во полициската станица во Куманово, поради основано сомнение дека се сторители на нападот врз вработениот на бензинската пумпа „Лукоил“, се приведени и задржани грчките државјани Х.А. (26), П.Ф. (26) и Т.В. (29).
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.