Грчки свештеник сакал да продаде икони за 450.000 евра


46 годишен свештеник е уапсен во градот Лариса заедно со една жена на 52-годишна возраст.

Заработија кривична пријава за прекршување на законот за заштита на древни предмети и културно наследство. Полицијата кај нив открила и конфискувала девет икони. Пет од нив од 18. и 19. век, а останатите од крајот на 19. и 20. век.

Уапсени биле во хотелска соба, а најдени се и сребрен бокал и крст, лаптопи, мобилни телефони и кредитни картици.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1