ВИП дава бесплатен интернет


Со новата понуда Сите сме онлајнн, сите корисници на Вип ќе добијат бесплатен интернет без дополнителна активација.

Вип постпејд корисниците може да сурфаат бесплатно цел месец, а припејд корисниците ќе добијат бесплатен интернет сообраќај со секое надополнување, без разлика на сумата која ја надополниле.

Добиените мегабајти, припејд корисниците ќе треба да ги искористат во рок од 7 дена.

За сите нови и постојни корисници на Вип фри тарифните модели, промоцијата за бесплатен интернет трае засекогаш, додека корисниците на останатите тарифни модели и Вип припејд корисниците, бесплатниот интернет го добиваат до 31 јануари 2013 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1