Грчкиот амбасадор во ЕУ пукнал од нервоза и се дерел поради Македонија


Грчкиот амбасадор во ЕУ, Теодорос Сотиропулос минатата недела предизвикал скандал во Брисел, на состанокот на амбасадорско ниво, каде што се расправало за македонските евроинтеграции. Ова го пишува дописникот на париски „Либерасион“ – Жан Kатрмер на својот блог „Kулистите од Брисел“, а пренесува Дневник.

Имено за време на расправата, грчкиот амбасадор вербално го нападнал својот австриски колега, викајќи на германски јазик: „Помина времето кога Австрија ја диктираше својата волја на Балканот“. Ова ги оставило вчудоневидени другите 26 амбасадори, кои се почувствувале непријатно наспроти нивниот колега од Грција.
Францускиот амбасадор Филип Етиен интервенирал за да ја смири ситуацијата пред да биде прекинат состанокот од страна на кипарското претседателство.

Австрија, е една од земјите што многу се залага за ЕУ да помине преку „телото“ на Грците кои ова прашање го претворија во „прашање на национална чест“.

Под европскиот притисок, грчкиот амбасадор на не многу дипломатски начин „пукнал од незадоволство“, ова „без сомневање поради тригодишните постојани понижувања на неговата земја“, како што објаснува еден европски дипломат, пишува новинарот.

Текстот на францускиот новинар предизвика серија коментари на читателите на неговиот блог, од кои најголемиот дел изразуваат неразбирање за грчката позиција за името на Македонија.

Дневник

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1