Грчко МНР: Грција ги почитува одлуките на граѓаните на соседната земја


– Голем дел од општеството го поддржа договорот, друг дел го гледа со скептицизам, но Грција го почитува изборот на граѓаните од соседната земја, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција во однос на резултатите од референдумот, кои ги коментираат како контрадикторни.

Во соопштението од грчкото МНР, објавено нешто повеќе од час и половина по завршувањето на гласањето велат дека, „Грција одблиску, но со соодветна дистанца, ги следи случувањата“, а исто така, „останува обврзана кон Договорот од Преспа“

„Резултатот од референдумот во поранешната југословенска Република Македонија, консултативен, а не дел од обврзувачките услови од Договорот од Преспа, е контрадикторен. Големо преовладување за „ЗА”, но без соодветна излезеност. Голем дел од општеството на соседната земја го поддржаа договорот. Но, еден важен дел го гледа со скептицизам. Грција го почитува изборот на граѓаните на поранешната југословенска Република Македонија“, соопштуваат од грчкото МНР

Додаваат дека според нив, климата на национализам и сомнеж, секојдневните лажни вести и фанатизмот, не дозволувале да се направи трезвена проценка на големите придобивки од договорот и го спречуваат взаемното разбирање меѓу народите.

-Следните чекори потребна е трезвеност од сите страни, независно, за да се обезбеди позитивна динамика на Договорот од Преспа, додаваат од Министерството за надворешни работи на Грција, во соопштението за резултатите од референдумот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1