Министерството за надворешни работи на Грција, преку соопштение, реагира за, како што наведуваат, „повторната погрешна употреба на името на ПЈРМ“ од страна на еврокомесарот Јоханес Хан за германски „Шпигел“.
Грчкото МНР вели дека употребата на „несоодветни фрази“ не помага да се постигне напредок во разговорите за името, но и дека тоа не е во согласност со улогата на ЕУ.
„Го повикуваме комесарот Хан да го почитува меѓународното законодавство и да не ги прекршува, меѓу другото, и одлуките и обврските на самата ЕУ. Особено во еденакритичен момент како што е денешниот кога преговорите се во тек. Повторувањата од негова старана на несоодветните фрази, не придонесуваат во постигнување напредок во преговорите за името. Исто така, не се во согласност со конструктивната улога што треба да ја имаат членовите на Европската унија“, соопшти грчкото МНР