Грчкото вето останува


Грчкото вето за европската интеграција на Македонија останува. Иако медиумите во Грција пишуваа дека е можно ,,ДА,, од Грција за датум за Македонија се поизвесно е дека повторно ќе следи вето, јавува дописникот на Миа од Атина.
Портпаролот на грчкото МНР Делавекурас пред само два дена соопшти дека Грција нема да дозволи почеток на преговoрите со Европската Унија без предходно решение на проблемот што Атина го има со нашето име и идентитет. Македонија треба да прифати да го промени своето уставно и историско име за вкупна употреба но и да се откаже од својот идентитет, односно од името на јазикот и нацијата. Според Делавекурас, придавката македонски не смеела да се користи.

Грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос, утре во Брисел ќе учествува на состанокот на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) на кој тема ќе бидат заклучоци за политиката за проширување. Советот утре ќе одлучи дали и кога Македонија ќе ги почне пристапните преговори за членство во Унијата, откако амбасадорите на членките на ЕУ на состанокот минатата недела не успеаја да ги договорат заклучоците за нашата земја во врска со предлогот на ЕК да се одреди датум за почеток на преговорите.

Миа

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1