Грција ќе ги даде коските на Цар Самоил на Бугарија – Бугарија ќе гради негов споменик


Софија ќе гради споменик на цар Самуил оваа есен, а иницијативата е дел од програмата за како што пренесува 24 часа „одбележување на 1000 година од смртта на претпоследниот владетел на Првата бугарска држава“.

24casa-samuil1-685x320Споменикот ќе биде изграден со средства од фондацијата „Бугарска меморија“ на д- р Милен Врабевски .

„Чекаме главниот архитект да предложи соодветно место во центарот , на што да биде поставен споменикот. Визијата ќе биде избрана на конкурс. Споменикот треба да е поставен до крајот на септември“, изјави д- р Врабевски.

samuil-sveti-ahilВрабевски е категоричен дека во Бугарија од Грција ќе се вратат и останките на цар Самуил со оние на неговиот син Гаврил Радомир и неговиот внук Иван Владислав. Тие се откриени во 1969-та година од грчкиот научник Николаос Муцопулос на островот Свети Ахил во Преспанското езеро.

Трите камени саркофази и денес може да се видат на островот во остатоците од средновековната православна базилика.

Весникот потсетува дека Македонија во 2011 година издигна споменик на Цар Самоил на скопскиот плоштад и дека бил прогласен за македонски цар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1