Грција од понеделник ги отвора границите за одредени земји


За неколку конкретни земји, во кои брзо напредува процесот на имунизација, Грција од понеделник ќе ги укине рестрикциите и туристите ќе можат или со сертификат за вакцинација или со негативен ПЦР тест да влезат во земјата.

-Станува збор за некои земји, и се однесува на посетители кои може да дојдат или со сертификат за вакцинација или со негативен ПЦР тест направен 72 часа претходно. За нив ќе важат истите ограничувања што важат и за грчките граѓани.

Ројтерс, повикувајќи се на анонимен висок претставник од грчката Влада, вчера објави дека од следната седмица за државјаните на земјите членки на ЕУ, на Велика Британија, САД, Србија, Израел и Обединетите Арапски Емирати, ќе се укине задолжителниот карантин по пристигнувањето, а ќе биде задолжитлен или сертификат за вакцинација или негативен ПЦР тест.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1