Грција ќе бара тестирање пред влез во земјата


Најдоброто сценарио е Грција, за туризмот, да отвори на први јули и работиме во таа насока, се подготвуваме за тоа, но секако тоа е поврзано и авионските компании, бидејќи повеќето луѓе доаѓаат авионски во Грција, но поврзано е и со строги и применливи протоколи, вели грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Мицотакис вели дека Грција ќе може да прими туристи, само ако постои договор за конкретни протоколи, за кои изразува надеж дека ќе бидат на европско ниво, односно дека под претпоставката дека туристите ќе направат молекуларен тест или тест за антитела пред полетувањето.

Туристичкото искуство оваа година може да биде малку поразлично во споредба со претходните години. Со повеќе социјална дистанца, можеби нема да има отворени барови за да нема гужва, но сепак ќе може да имате фантастично искуство во Грција, под услов глобалната епидемија да е по надолна линија, вели Мицотакис.

Грчкиот премиер иако коментира дека ќе биде навистина поразлично лето, сепак вели дека се надева дека „најлошото е зад нас“.

Она што јас го задржувам како наследство од оваа криза е чувството на колективен успех и ќе се осмелам да го употреба зборот гордост. Грците многу долго време не биле горди. Знаете, десет години бевме вреќа за бокс за Европа, вели Мицотакис и додава дека ова резултира со поголема самодоверба, но и доверба во државата.

Претходно, истото го најави и Хрватска.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1