Гребатори – Мит Ромни секој час губи по 847 пријатели на Фејсбук


Поразениот претседателски кандидат на американските претседателски избори, републиканецот Мит Ромни, по изборниот пораз почна да поднесува и виртуален пораз, пишува весникот „Кориере дела сера“.

Очигледно неговите пријатели на фејсбук го додавале да се гребат бидејќи откако изгуби на изборите почна рекордно брзо да ги губи своите пријатели на Фејсбук.

Самоз а 3 дена откако победи Обама 50.000 лица му го свртеа грбот и го избришале од пријатели. Сега темпото на загуби е сведено на 847 загубени фанови на секој час само на фејсбук, а љубов му откажуваат и на Твитер.

Во моментов Ромни има едвај 12 милиони пријатели на Фејсбук, додека реизбраниот претседател Барак Обама се радува на дружењето на Интернет со 33 милиони свои виртуелни пријатели.

Да – ова е доказ дека пријателите на социјалните мрежи се навистина верни пријатели.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1