Со што ги хранат кравите? Дали медот е од пчели? – вистината за фармите (Фото)


 

Повеќето луѓе не сакаат да дознаат од каде потекнува храната која што ја конзумираат. Тоа е сосема разбирливо. Хамбургерите се вкусни без оглед на фактот што плескавиците се прават од месото на кравите, притоа истото минува низ еден огромен блендер со цел да го сомеле. Сепак вреди да се обрне малку внимание поради фактот што некои од работите кои што се случуваат при производството на храната уште на стартот (во самите фарми) изгледа чуден.


Еве неколку примери.

Магични ритуали на фармерите

Да речеме дека вашиот локален фармер има проблеми со глувците кои што му го уништуваат лозјето. Како мислите дека го решава ваквиот проблем? Отров? Стапици? Еден куп мачки? Грешка! Кога ќе фатат еден глушец, му ја одеруваат кожата и го фрлаат телото. Кожата ја горат се додека не стане пепел и тоа во периодот додека Венера е во соѕвездието Скорпија, а потоа ја расфрлале пепелта. Или пак тоа го прават оние кои вежбаат биодинамика. Оваа е популарна земјоделска техника помеѓу органските производители, која е полна со чудни ритуали наменети за искористување на моќта на Земјата и ѕвездите.

Еве неколку чудни ритуали кои што ги правеле фармерите.
Роговите на воловите ги полнат со ѓубре и ги закопуваат за време на зимскиот период.
Потоа направените колбаси со цвеќиња ги врзувале да се сушат за време на целиот летен период.
Дел од черепите на животните ги закопувале на влажно место.
Зошто го правеле ова?
На почетокот на минатиот век австрискиот филозоф Рудолф Штајнер основал култно духовно движење познато како антропозофија, кое што се верува дека претставува поврзување на духовното во човекот со духовното во универзумот. Во 1924 година група на земјоделци поканети од страна на Штајнер присуствувале на серија негови предавања за тоа како неговите теории би можеле да се применат во земјоделието.
Во последните неколку години, методите на Штајнер станаа особено популарни меѓу винарите. Голем број на биодинамични лозари се водат од системот на Штајнер, а истиот го користат и светските производители на вино. Повеќето приврзаници ќе ви кажат дека резултатите од ваквата примена му даваат на виното далеку подобар вкус.

4. Супер месо од гигантски ,,фрик,, крави

Белгиските фармери проблемот со кравите го гледаат во немањето на нив доволно посно вкусно месо. Па преку користењето на генетската мутација истите би можеле да произведат дополнителни мускулни влакна. Со вбризгување на хормонот ендорфин во нив, тие добиваат значително зголемување на масата на мускулите.

Истражувањата покажале дека младенчињата на животните на кои што им бил вбризган овој хормон, ќе ги добијат истите ефетки на зголемување на мускулните влакна, но за разлика од нивните мајки, тие ќе бидат сосема природни и ќе нема потреба истите да бидат подложни на генетска мутација.


Според една студија на USDA белгиските стекови кои што се направени од кравите и биковите подложни на мутација, во себе имаат имаат помалку масти и холестерол од пилешкото месо.

Единствениот проблем се јавува што телињата при породувањето мораат да бидат отсечени со царски рез од нивните мајки поради преголемата мускулна маса изградена во матката.

 

3. Човечки пчели

Од 2006 година па навака, низ светот последните истражувања покажуваат дека во светотт се намалува бројката на пчели, а како директен виновник за тоа се посочуваат мобилните телефони.


Но, без разлика на тоа која е причината за нивното исчезнување, последиците по земјоделството би можеле да бидат катастрофални.

Земјоделците можат да изгубат милијарди долари годишно, доколку продолжи ваквиот тренд. Па поради тоа се обидуваат да стигнат до некакво решение. Дел од тоа е и самите луѓе да ја преземат работата на пчелите.


Во јужниот дел на Сичуан во Кина, во недостиг на пчели, илјадници се мобилизираат луѓе секоја пролет, вооружени со опрашен стап, направен од пилешки пердуви, земјоделците работат на голем број на овоштарници.
Пчелите во тој дел од светот се повлекле поради пестициди.
Па поради недостигот на работна сила, ова е одлична можност за сите невработени од целиот свет за чиста заработка. Само почекајте до пролетта.

 

2. Храна која се собира од страна на роботи

Како што одминува времето луѓето се се повеќе оптеретени во вршењето на тешката земјоделска работа и најверојатно ќе дојдеме до точка во која нема да има доволно луѓе за да ги извршуваат задачите, а во исто време да се задоволи побарувачката на светскиот пазар.

Јапонија веќе долг период го разгледува ваквиот проблем и дојде до решение, во кое ги роботизираше постарите луѓе, со цел истите да работат понапорно и подолго.
Моќниот асистирачки костум е развиен на Универзитетот во Токио за земјоделство и технологија кој има за цел да им ја олесни земјоделската работа и да го намали физичкиот напор на корисникот за 62%.

Со овој апарат, се налуваат болките во грбот и зглобовите.

Цената на ваквиот робот на светскиот пазар изнесува 11,000 долари, а е составен од осум електрични мотори.

Имаат сензори да го детектираат движењата на носителите и да го препознаат гласот на корисникот, а експертите веќе зборуваат за тоа дека има добри 30% можности да овие оддела ја продолжат работата на корисникот дури и откако ќе умре во истиот, создавајќи едно кибернетско зомби сценарио.

Отровот на скорпијата лек за штетниците на земјоделските посеви

Понекогаш мислиме дека Кинеските научници магично успеале да го искористат генот на отровот на скорпијата, ставајќи го во зелка, со цел истата супстанаца да може да убие гасеница ларва, која што значително им штети на посевите и обработливото земјиште, а во исто време истата материјата нема да му наштети на здравјето на човекот.

И ова е само една од многуте идеи на генетичарите со цел да го подобрат земјоделството. Јавни истражувачки групи испратиле извештај во јавноста во кои се изјасниле за комбинации за кои можеле да создадат пченка, звучи неверојатно, но вистинито, од сида на мајмун. Веќе стануваат јасни работите дека во иднина животинското месо кое што ќе го конзумираме всушност нема да биде од реално суштество, туку истото ќе се произведува во лаборатории.

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1