На 16.12.2014 година во 10,20 часот на ПС за ГП и ГН-Меџитлија на излез од Р.Македонија, грчкиот државјанин З.Г.(51) извршил оштетување на излезната рампа која е поставена пред царината со возило марка „Нисан-Пикап“ со грчки регистарски ознаки.
По целосно документирање на случајот против истиот беше поднесено барање за поведување на прекршочна постапка по чл. 25, став 1 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.