Грк пронајден мртов на паркинг во Битола


Вчера околу 20 часот и 15 минути во СВР-Битола, од екипа на Итната медицинска помош, пријавено е дека на улицата „Димитар Илиевски-Мурато“, на паркингот во кругот на хотел „Епинал“, покрај возило „Хонда“, пронајден е починат 77-годишниот В.Б.К. од Грција.policija-lenta-540x312

Увид на лице место извршила екипа од полицијата.

По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1