Грк со симптоми на ебола хоспитализиран во болница во Атина


Грк со симптоми слични на оние кај заразените со ебола, бил примен во петок на преглед во болница во  Атина, јави AFP, повикувајќи се на информации од грчкото Министерство за здравство.

ebola-virus-03Мажот, кој се вратил од патување од Нигерија, самиот побарал медицинска помош. При прегледот биле земени примероци од крвта на пациентот.

Друг пациент во Грција, кој во четвртокот исто беше тестиран за можно присуство на вирусот на ебола, бил болен од маларија.

Од почетокот на годината повеќе од 1000 луѓе ги изгубија животите во епидемијата на ебола во западна Африка.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1