Руската војска ги изведува последните подготовки за воената парада, која на 9-ти мај ќе се одржи во Москва, на 70-годишнината од победата во Втората светска војна. Подготовките се одржуваат во московскиот регион, а учествуваат тенкови, оклопни возила, носачи на ракети, како и воено воздухопловство.
Исто така, на парадата ќе бидат прикажани и ракетните системи “Искандер”, “Тор”, “Бук”, “S-400″, а во средата во близина на Москва летале и авиони од типот “MiG-29″ и борбени хеликоптери “Mi-28H”.
Најавено е дека на парадата ќе се појави и вистинскиот “руски ѕвер”, најновиот тенк “Армата”.
Еве како изгледа сето тоа: