Грнчаров го посети избодениот Комита: Малечок, те чекаме на трибина (ФОТО)


Капитенот на македонскиот фудбалски првак Вардар, Бобан Грнчаров, денеска беше во посета на Златко Трајковски, повредениот навивач на црвено-црните, кој беше избоден во четвртокот во центарот на Скопје.

Повредениот Злате, како што го нарекуваат најблиските и неговите колеги од трибината, е во добра здравствена состојба, но не се знае уште колку ќе остане на болничко лекување. Тој не сака да говори за инцидентот, сака што побргу да го заборави тој ден.

Но, затоа пак, беше изненаден и неизмерно среќен кога во посета му дојде Бобан Грнчаров, кој на Златко му подари „капитенски“ дрес.

„Ти пренесувам поздрави од целата екипа на Вардар, ти порачувам што побргу да оздравиш и знаеш – чекаме да те видиме пак на трибина“, му рече Грне на повредениот Комита.

Според информациите од МВР, крвавиот инцидент се случил нешто после пладне во четвртокот, Златко по излегување од автобус бил нападнат од две лица, а потоа бил прободен со нож во пределот на стомакот.

Полицијата вчера објави дека ги идентификувала тројцата учесници во инцидентот, а приведени биле две од нив. Според директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски, приведените лица во целост го признале ова дело, а против третото лице СВР се уште трага.
Извор: Спорт1

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1