ГРОМ доби заменик-министер во новата Влада – Нови заменици има во 6 министерства


Премиерот Никола Груевски ги достави замениците министри во собранието. Нови заменички имиња ќе има во шест ресори. Зоран Петров си оди од надворешни работи, на негово место доаѓа Драгана Кипријановска, досегашниот министер за образование Спиро Ристовски ќе му го чува грбот на Абдулаќим Адеми во образование, во Одбрана нов заменик министер е екс-пратеникот на ДУИ, Арбен Лабуништа.

vlada1Во Транспорт и врски-Ниметула Хаљими, во Локална самоуправа Љупчо Пренџов од ГРОМ, во министерството за Земјоделство ќе седне Ванчо Костадиновски, објави 24Вести.

Во останатите ресори останувата старите решенија. Во МВР – Земри Ќамили, во Правда Билјана Бошковска – Бричковска, во Економија Христијан Делев, во Финансии-Ардиан Џеладини, во Здравство-Јовица Андоновски, во Труд и социјала Ибрахим Ибрахими, во Информатика Марта Арсовскаи-Томовска, во Животна средина Стево Темелковски. Според најавите од собрансикиот спикер се очекува седницата на која ќе се избираат замениците да се оддржи во четврток.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1