Гром ја оштетил статуата од Исус Христос во Рио (Видео)


Огромниот споменик од Исус Христос и туристичка атракција во Рио де Жанеиро, останал без палец кога во него удрил гром, по силното невреме кое го зафатило бразилскиот град во четвртокот.

statua-brazil-630x386Бразилскиот институт за метеоролошка прогноза соопштил дека невремето било толку силно што инструментите забележале 40.000 удари од громови.

Статуата од Исус Христос е најпозната туристичка локација во Рио, а во 2007. година била прогласена за Осмо светско чудо.

Ова не прв пат статуата да биде оштетена од невреме. Имено, минатиот месец останал без прст на десната рака. Пред четири години биле вложени 4 милиони долари репарација на статуата, за лицето и рацете да добијат нов сјај.

Билансот на загинати во поплавите е зголемен на 20 лица, со тоа што шест се водат како исчезнати, соопштија локалните власти.

Итаока е поплавена изминатиот викенд, а поради големиот водостој 332 лица, или околу десет отсто од популацијата, останале без покрив над главата, бидејќи по силната бура се прелеала реката Палмитал.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1