Ова е најбакнувано лице – давеничка од сена – девојка која никогаш не е идентификувана


Давеничката од Сена никогаш не била идентификувана.  Патолог бил заинтригиран од необичниот израз на нејзиното лице, па побарал од моделарот да направи гипсен калап, а набргу парижаните почнале да нарачуваат реплики. Според маската е направена и кукла на која милиони лица учеле да даваат вештачко дишење

LadyБлаг и мирен израз на лицето, затворени очи што изгледаат како да ќе се отворат во секој миг и блага насмевка што едвај се јавува на лицето, како на Мона Лиза, се дел од карактеристиките што ја направија оваа непозната девојка еден од најголемите идеали на убавината во 19 век. Тоа не би било чудно да не станува збор за жена што била пронајдена удавена во Сена.

Безживотното тело на младата жена било извадено од Сена и, според обичајот што постоел тогаш, било изложено во градската мртовечница за да се идентификува. Таму ја видел и еден патолог, кој бил заинтригиран од необичниот израз на нејзиното лице, а особено од насмевката, па побарал од моделарот да направи гипсен калап во облик на нејзиното лице.

Маската без име е наречена „Непознатата жена од Сена“. Моделарот ја поставил маската пред својата работилница на крајбрежјето на Сена и набргу парижани почнале да нарачуваат реплики. Нејзиното лице почнало да ги краси сите домови, станало инспирација за уметниците, писателите и за поетите како Набоков, Рилке, Ками, Анеи Нин, а дамите ги имитирале нејзиниот израз и изглед.

devojka sena

Кукларот Асмунд Лердал во 1955 година му го спасил животот на својот син така што, откако го извадил безживотното тело од водата, со „бакнежот на животот“ му ги прочистил дишните патишта.

Inconnue

Во тоа време тој бил успешен производител на играчки, а се специјализирал за детски кукли и автомобили од мека пластика.

Неколку години подоцна го замолиле да направи помагало за вежбање за новите техники на кардиопулмонална реанимација, комбинација од градни компресии и „бакнеж на животот“, за да може да се спаси животот на пациентите чие срце престанало да чука.

Набргу направил тело на кукла што симулира безживотен пациент, но за да не изгледа страшно ѝ дал женско лице. Тогаш Асмунд се сетил на маската до ѕидот на своите баба и дедо, која го фасцинирала кога бил млад. Тоа била токму „девојката од Сена“.

Куклата е наречена „Спасете ја Ени“ и милиони лица на неа учеле да даваат вештачко дишење. Популарно се нарекува најбакнуваното лице на сите времиња.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1