Гром од ведро небо – Папата си даде отказ – избор на нов папа во март


Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Бенедикт Шеснаесетти за време на денешната миса во Рим најави дека ќе се повлече од должноста на 28 февруари.

papa1– Откако неколкупати направив критичка самоанализа пред Бога, дојдов до заклучок дека поради поодминатата возраст повеќе немам сили адекватно да ја извршувам должноста. Поради тие причини и целосно свесен за сериозноста на валвата постапка, сосема слободно изјавувам дека ќе се повлечам од долноста римски епископ и наследник на Свети Петар, изјави 85-годишниот папа.

Портпаролот на Ватикан Федерико Ломбарди потврди дека папата ќе ја напушти функцијата на 28 февруари во 20 часот по Гринич.

Кардиналот Анџело Содано ваквата најава на понтифот ја оцени како „гром од ведо небо“.

Бенедикт Шеснаесетти ќе биде првиот папа по речиси 600 години кој поднесува оставка на функцијата. Тој оваа функција ја извршуваше речиси осум години, од неговиот избор на 19 април 2005 година.

Ватикан соопшти дека папскиот престол времено ќе остане непополнет, како и дека Конклавата новиот папа ќе го избере до крајот на март.

papa– Навистина е прерано да се каже кое беше неговото најголемо достигнување, изјави Едвард Пентин од „Католик Хералд“, осврнувајќи се на одлуката на Бенедикт Шеснаесетти.

Папата Бенедикт Шеснаесетти, ги промени правилата за избор на свој наследник за да обезбеди новиот папа да има што поширока поддршка.

Во рамки на воведената промена, новиот папа ќе мора да се избира со дво-третинско мнозинство гласови, но процесот би можел да опфати повеќе кругови гласање.

Во случај на смрт или абдицирање на папата, неговиот наследник го бира Колегиумот на кардинали на конклави (собирање на кардиналите) во Сикстинската капела во Ватикан.

Системот на избор се менуваше повеќепати во текот на 2.000 години постоење на папството.

Сите неодамнешни папи ги менуваа правилата на избор на своите наследници, освен Јован Павле Први, кој поради смрт на 29 септември 1978 година, бидејќи беше поглавар на Римокатоличката црква само 33 дена, немаше време да го реформира системот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1