Гром удри во авион на компанијата „ WOW“ од Исланд, веднаш по полетувањето, додека тој беше полн со патници.
Сепак, иако снимката која се појави на „Јутјуб“ изгледа страшно, веројатно никој од патниците не почувствувал ништо затоа што авионите имаат посебна заштита, правени се од посебен алуминиумски материјали и заштита на електронскиот уред од громови. Практично се отпорни на лошите временски услови.