Во попладневните часови подрачјето на Пелагонија беше зафатено од силно невреме.
Во Прилеп и северниот дел од Пелагонија, Долнени имаше интензивни поројни врнежи од дожд, силни електрични празнења и ветер, а според радарските слики можна е и појава на град.
– Во моментов интензивни процеси има во битолскиот дел од Пелагонија и во Штип, каде има силни електрични празнења, интензивен пороен дожд и силен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
До крајот на денот на повеќе места ќе се задржи нестабилно и облачно време, со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите можат да бидат поинтензивни и во форма на невреме со силни електрични празнења, интензивни врнежи, како и појава на град.