„Сакав да се ослободам од бебето поради очајната материјална состојба. Ја задавив веднаш по породувањето и ја фрлив во полско ВЦ“, рекла И. О. (37) од Прељина кај Чачак, која е осомничена за чедоморство.
Таа вчера беше сослушана во полицијата, по што е пуштена на слобода бидејќи било проценето дека не размислувала трезвено за време на породувањето.
Криела дека е бремена
-Таа живее малку подалеку од семејството Симиќевиќ. Во моментот кога полицијата стигна пред нејзината куќа, таа не била при себе. Рекла дека сакала да се ослободи од детето поради лошата материјална состојба. Веднаш признала дека детето го задавила по породувањето. Го слушнала плачењето на бебето, но набрзо го усмртила, изјавил извор од истрагата за српски „Курир“.
Интересно е тоа што сведоците изјавиле дека таа секогаш носела широка облека и не ни претпоставиле дека е бремена. Дури и нејзиниот сопруг не знаел дека таа на ваков брутален начин го убила детето.
Стојна Симиќевиќ (59), во чиј двор било пронајдено мртвото новороденче, вчера се расплакала од големиот шок.
-Никогаш не очекувавме дека вакво нешто би можело да се случи. Никој не знаеше дека е бремена. Не знаевме дека е способна да направи вакво нешто, но знаеме дека нејзиното семејство живее тешко поради лошата материјална состојба, изјавил синот на Стојна, Душан Симиќевиќ.