Џорџ Буш постариот примен во болница во Хјустон


Поранешниот американски претседател, деведесетгодишниот Џорџ Буш постариот, вчера, доцна вечерта, е хоспитализиран во Хјустон заради проблеми со дишењето, соопшти неговиот портпарол.

– Претседателот Буш со возило на итната помош беше превезен во Методистичката болница во Хјустон и веднаш е хоспитализиран, бидејќи во текот на вечерта чувствувал проблеми со дишењето, потврди  неговиот портпарол Џим МекГрат.

bus stariot

– Заради вниматеност тој ќе биде заддржан на натамошни прегледи, додаде портпаролот, пренесува Хина.

Последен пат Буш беше хоспитализиран во 2012 година, кога заради бронхитис седум недели мина во болница.

Џорџ Х.В. Буш е роден 1924 година во сојузната држава Масачусетс. Во 1989 година стана 41. претседател на САД, а на следните избори во 1992 година беше победен од Бил Клинтон.

Неговиот најстар син Џорџ В. Буш стана претседател на САД осум години подоцна. Неговиот втор син Џеб неодамна најави дека и тој ќе се кандидира за претседател на САД.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1