Сречко Чирича (49), наставник по физичко образование и карате инструктор, кој завчера е пронајден убиен на улицата Рахел Ферари во Падинска Скела, бил измачуван пред да се случи злосторот со тоа што му ги искорнале ноктите на левата рака.
Телото пред два дена било пронајдено во близина на куќата во која живеел, од страна на соседите, а по доаѓањето на полицијата се утврдило дека бил убиен со куршум во тилот. На левата дланка имало видливи траги од крв, а подоцна се установило дека напаѓачите му ги извадиле ноктите.
На местото на кое е пронајдено телото имало две мали дупки во земјата, но не е познато зошто се ископани и дали Чирич или убиецот криеле нешто во нив. Никој од комшиите не слушнал ништо необично, а покрај телото се пронајдени безбол палка, женски чорапи и две пакетчиња марихуана.
Чирич од порано и бил познат на полицијата под сомнеж дека како член на борчанскиот нарко-клан препродавал дрога, но против него никогаш не била подигната постапка затоа што немало доволно докази. Како можен мотив за убиството се спомнува сведочењето на Чирич против водичот на кланот Далибор Ристич Даче, на кој му се суди за бројни кривична дела пред Високиот и Специјалниот суд во Белград.