ГРЦИЈА: 17 лица настрадаа, се бараат исчезнати лица (ФОТО)


Седумнаесет лица досега настрадаа од поплавите во грчката област Атика, говорат последните официјални информации. Пожарникарите во моментов бараат шест исчезнати лица, објавија локалните медиуми.

Според медиумските извештаи, патиштата во околината на Мандра, гратче во западните региони на Атина, повторно се под вода поради поројниот дожд што врне од почетокот на оваа недела.

Во западниот дел на Атика има зајакнато присуство на пожарникари со противпожарни возила и друга опрема која продолжува да испумпува вода од поплавените куќи и да извлекува оштетени автомобили во невремето.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1