Грција денес парализирана – штрајкуваат СИТЕ


Грција денес ќе биде целосно парализирана, бидејќи ќе штрајкуваат речиси сите. Од вработените во државниот и приватниот сектор, па се до бензинските пумпи, продавниците, пазарите. Дури има најави дека ќе бидат затворени и некои од рестораните и кафулињата. Бродовите, возовите и таксистите нема да сообраќаат, а јавниот превоз во Атина ќе работи само неколку часа. Има измени и откажувања на летови од атинскиот аеродром, а болниците ќе работат само со итни случаи.grcija32

Од вчера започна штрајк на медиумските работници, во знак на протест против измените во Законот за пензиско и здравствено осигурување кои се однесуваат токму на оваа категорија работници.

Кон штрајкот се приклучија и вработените во државната агенција АПЕ, вработените во Генералниот секретаријат за медиуми и прес службите.Тие бараат Владата итно да ги повлече измените на Законот кои се дел од договорот на Атина со кредиторите.

Веќе две недели штрајкуваат земјоделците во Грција, а за денес е закажан генерален штрајк кон кој ќе се приклучат сите вработени во државниот и приватниот сектор – до бензински пумпи, ресторани и кафулиња, автобуси, возови и таксисти, додека болниците же примаат само итни случаи.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1