Грција ги затвора границите – викендов штрајк


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните кои планираа викендов да патуваат кон соседна Грција дека од страна на грчките погранични служби се известени дека во периодот од петок до понеделник (20.05-23.05.2016) година царинските служби ќе штрајкуваат.bogorodicapremin

Односно на ГП „Ники“ (ГП „Меџитлија“) и ГП „Дојрани“ (ГП „Стар Дојран“) сообраќајот ќе биде во прекин на патнички и товарни моторни возила додека преминувањето на границата пешки е дозволена за сите патници, додека пак на ГП „Евзони“ (ГП „Богородица“) сообраќајот при влез и излез од Р.Грција ќе се одвива со прекини.

Односно после секои два часа прекин, ќе се пропуштаат возила во времетраење од 15-тина минути.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1