Археолошката атракција се наоѓа на плажа, која е дел од хотелски комплекс во Атина, што се нуди за продажба преку агенцијата за приватизација ТАИПЕД. За посета на храмот е потребна дозвола од сопственикот на хотелот, кој отсега може да биде и приватно лице.
Жителите на регионот и граѓанското движење „Алтернативно дејствување за квалитетен живот“ упатија повик до Владата, пратениците, политичките партии и судските власти итно да реагираат. Тие бараат итно запирање на постапката за продажба на археолошкиот храм и инфраструктурата, шумата и плажата во реонот.
Храмот на Аполон е откриен при ископувња во 1926-27 година и е со димензии 13 на 7 метри.