Во оглас објавен во Службен весник, Министерството за цивилна заштита на Грција бара лица со познавање на македонскиот јазик за вработување во грчката Национална агенција за разузнавање, што воедно е и првата официјална употреба на овој термин, по стапувањето во сила на Договорот од Преспа.
Во огласот во делот во кој се наведени јазиците што треба да ги познаваат кандидатите кај македонскиот јазик во заграда стои „македонски (јужнословенски) јазик“.