Грција пак ќе ни стави вето во јуни пишуваат грчките медиуми


Со вето ќе одговори Грција за евентуалната одлука за отпочнување пристапни преговори на Македонија со европската унија – солунскиот весник Македонија, повикувајќи се на надлежен владин извор тврди дека Атина, доколку нема решение за името до јуни, нема да ја промени својата позиција и нема да даде зелено светло за нас, јавува Канал 5.

greece-thumbs-downВесникот како доказ за овие тврдења се повикува и на изјавата на заменикот шеф на грчката дипломатија од пред неколку дена на одбележувањето на 10 годишнината од големото проширување на унијата.

– Интеграцијата во Европската унија бара минимум добри соседски односи меѓу идните партнери – изјави неодамна Димитрис Куркулас, заменик министер за надворешни работи на Грција.

И додека сите се во исчекување на одговорите на Скопје и Атина за новиот предлог на Нимиц, неонацистите од Златна зора продолжуваат со обвинувањата до грчката влада.

– Името на Македонија е ставено за пазарење. Денес ние бидејќи не сме политичари кои бараат личен ќар, и не сме продадени за рејтинзи и за на наводната чувствителност на народот. Го кажуваме истото како и пред 20 години. Никаков компромис за нашата Македонија. Што се случи со сите овие борци за Македонија, кои тогаш го имаа направено главна тема, прашањето за Македонија? Исчезнаа, молчат и подготвуваат чисто предавство на народот – рече Никос Михалолиакос, претседател на Златна зора, пренесува Канал 5.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1