Освен Срби во Грција има и многу македонски туристи во местата погодени од невремето. Македонски туристи има во близина на селото Каламитци. На социјалните мрежи македонските туристи пишуваат дека Сарти и Торони се поплавени. Во меѓувреме се врши евакуација на туристи.
Поројните дождови предизвикаа бројни одрони на патиштата, кои останаа непроодни за сообраќај.
Камперските приколки беа буквално однесени од поројната вода во морето.
Голем број автомобили биле однесени од надојдената вода, а нивните сопственици се евакуирани на повисоките места, во хотели и апартмани.
Локалните власти во Ситониа известија дека пожарникарите добиле многубројни повици за помош од настрадани граѓани кои барале пумпи за извлекување на водата од нивните домови.