Грците мора да работат по 6 дена во неделата за минимална плата




Грчките кредитори бараат владата во Атина да воведе шестдневна работа во неделата во склоп на строгите одредби за финансиски пакет на помош, пишува британски „Гардијан“.


Тоа барање го има во заедничкото писмо од Европската банка, Европската комисија и Меѓународниот монетарен фонд, а кое дојде до јавноста.  Во него се вели дека од Грција се бара да воведе радикални реформи на пазарот на трудот, започнувајќи од миниална плата до прекувремени работни часови, па се до флексибилно работно време. Се очекува дека ваквите барања дополнително ќе ги засилат тензиите помеѓу Владата и добро организираните синдикати во Грција.

Писмото од кредиторите на грчкиот министер за финансии му било врачено минатата недела и во него се бара да се зголеми работната недела за еден ден и да се регулра пазарот на трудот. Во Берлин и Брисел се повеќе расте верувањето дека владата на Антонис Самарас потфрлила во предводењето на фискалните реформи кои започнаа изминативе две години во замена за огромната помош која им беше дадена во два наврати.  Грчката влада наредниот месец очекува повторна помош од 30 милијарди евра, но за сега се уште не ги уверила кредиторите дека позитивно работи на мерките за штедење. Самарас бара повеќе време, односно четири наместо две години за намалување на долгот на државата

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1