Грците со нови причини Македонија да не стане членка на ЕУ


Грчките аналитичари полека и сигурно секојдневно наоѓаат разни причини поради кои Македонија не треба да стане членка на Европската унија.

Провладиниот весник „Катимерини“ денеска објави анализа според која поради економската криза во Европа земјите од Западен Балкан, засега, ќе останат надвор од Унијата. Според весникот, „европскиот сон“ на Македонија ќе се претвори во кошмар, затоа што ЕУ во моментов не може да прими нови членки поради економската криза што ги тресе другите „станари на зградата“.

greeceКолку и  да се чини парадоксално, пишува „Катимерини“, во време кога југот на Европа е „во пламен“, а еврозоната се тресе во Брисел, некои работат на проширувањето на Европската унија. Еврокомесарот Штефан Филе за таа цел патува во Белград, Скопје и Тирана. Но, со оглед на тоа што гледаме што се случува денес во обединета Европа, додавањето други членови во клубот може да остане само на идеја.

– Во други економски и политички услови проширувањето немаше да биде проблем. Европската економија ќе можеше да го поднесе товарот на сиромашните и послаби земји од Југоисточна Европа и ЕУ ќе ги инетегрираше дури и поради геополитички причини. Сега, зградата се тресе и конфронтациите меѓу северот и југот им се закануваат на темелите, така што другите станари не само што не можат да придонесат во заедничката каса, туку и оние кои живеат во најскапите станови најгоре, ќе треба да платат за одржување на зградата и за другите станари, парафразира грчкиот весник.

greece_fyrom_flags26Грчкиот аналитичар се прашува кој ќе ги убеди Германците, Холанѓаните, Данците, Финците или Французите да стават рака во џебот со цел Албанија, Македонија, Србија и Црна Гора да станат дел од европското семејство, „земји чии економии и државни структури се светлосни години далеку од европската реалност“.

– Народите од Западен Балкан инвестираа во европската визија, живееја и се уште живеат во надеж дека наскоро ќе станат европски граѓани. И со право. Сега, европскиот сон на нашите северни соседи е во опасност да се претвори во кошмар. Изгледите за пристапување ќе станат колатерална штета на европската криза, коментира „Катимерини“ додавајќи дека во таква ситуација „општествата тонат во интровертност и народите бараат имагинарни непријатели кои би ги обвиниле дека иако конечно дошле до фонтаната, не се напиле вода“.

– Комесарот Филе ќе мора да им ја каже целата вистина, без оглед на тоа колку и да е болна и нефер, заклучува  „Катимерини“.

Denesen

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1