Универзална сала со името на Тоше – Иницијатива од фановите до Град Скопје


Иницијатива од фановите на Тоше до Град Скопје!
(Ивана Тајчи Таневска)
До совет на Град Скопје

Иницијатива
од фановите на Тоше Проески – Македонија

Во моментот кога најавивте изградба на нов културно – забавен центар на местото на “Универзалната сала” кај нас се роди желба за негово ново име.

tose 1Името и делото на Тодор Тоше Проески ги “урнаа“ граници ширум Балканот и Европа и оставија незаборавен белег за гордоста на нашата држава. Сите ние сме сведоци за многубројните хуманитарни акции,спасени детски животи, донации за болници, спортски сали, училишта и хуманитарни концерти од кои најголемиот дел беа одржани токму во таа Универзална сала.

Не сме заборавиле и на рекордната посетеност на неговите концерти во Универзална сала односно тој е единствен кој успеа да ја наполни пет пати по ред во една седмица.

За неговите успеси во музиката и хуманоста не е доволен еден лист хартија за да се прераскаже се она кое недостасува во ова тешко време, а тој го работеше со љубов и леснотија за да ги насочи младите на прав пат спомнувајќи на секој концерт дека успехот на земјата зависи од младите, дека хуманоста Бог ја наградува со благослов кон народот и државата.

toseНие како почитувачи на ликот и делото на Тоше Проески би додале дека никогаш не сме заборавиле на останатите великани на музиката – уметноста, Македонски легенди кои исто така заслужуваат достојно спомен обележје но, како луѓе кои живееле и растеле со музиката и делата на Тоше никогаш нема да се откажеме од нашата иницијатива.
Неговото име заслужува да биде на место каде ќе се шири песна, забава и љубов. Затоа Ве молиме новиот културно – забавен центар чија изградбна медиумски ја најавивте да го добие името “Тоше Проески”.

Со голема почит од фановите на Тоше ширум Македонија.

Почитувачи на ликот и делото на Тоше Проески

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1