Павлос Kокцидис, експерт од грчката фондација ЕЛИАМЕП, во анализата под наслов „Надежите за интеграција на ПЈРМ: Деликатна рамнотежа“, пишува дека новите интензивни дипломатски активности предизвикале бранови во односите меѓу Атина и Скопје.
Грците се во паника од можноста еврокомесарот Филе да издејствува датум за старт на преговите меѓу Македонија и Европската Унија без решен спор за името, пишува Дневник, повикувајќи се на изјави на грќки експерти.
Павлос Kокцидис, експерт од грчката фондација ЕЛИАМЕП, во анализата под наслов „Надежите за интеграција на ПЈРМ: Деликатна рамнотежа“, пишува дека новите интензивни дипломатски активности предизвикале бранови во односите меѓу Атина и Скопје.
„Европскиот совет на самитот во декември дефинира построга рамка без препорака за почеток на преговори на соседната земја, испраќајќи двосмислена порака кон Скопје и кон Атина. Се усвои динамичен заклучок и се дефинира забрзувачки чекор за ревитализација на интеграцијата на ПЈРМ со преиспитување на напредокот пролетва“, вели Kокцидис во изјава што ја пренсеува Дневник.
„Поставувањето потесна временска рамка ја сигнализира решеноста на Kомисијата да ги обнови напорите за разговорите да почнат и без да има решение на спорот“, смета Kокцидис.
Во анализата стои дека Бугарија го оправдува грчкото противење за тоа земјава да ги почне преговорите со ЕУ.
Бугарија, но и Албанија, според Kокцидис, се доказ дека нашата држава се однесувала неодговорно кон соседите. Одложеното решавање на спорот за името, се вели во анализата, може да го зголеми притисокот од албанската заедница во земјава.