Груби бара официјална употреба на албанскиот јазик во Македонија


Заокружувањето на официјалната употреба на албанскиот јазик во Македонија е еден од клучните столбови на Платформата 2020 на ДУИ за предвремените парламентарни избори на 11 декември, порача денеска на прес-конференција носителот на листата на ДУИ во првата изборна единица, Артан Груби.  grubi-s500untitled-2

– Никој нема потреба да се плаши од еднаквоста која доаѓа по 11 декември. На Македонија, ниту на македонскиот народ, ништо лошо не им се случи со промената на Уставот, со Законот за амнестија, Законот за територијална поделба, децентрализација, употребата на албанскиот јазик во многу државни и локални органи, службената употреба на националното знаме, воспоставувањето на двата албански универзитети, вработувањето на околу 25.000 Албанци во администрацијата, со воспоставувањето на орелот во Чаир, како и многу други национални пројекти на ДУИ. Напротив, општеството стана еднакво, потолерантно и кохезивно, па Македонија доби кандидатски статус за членство во ЕУ и стана пример за спроведување на мировниот догово – рече Груби.

Затоа, како што додаде, клучен столб на изборната програма на ДУИ е регулирањето на употребата на албанскиот јазик со другиот официјален јазик и тоа во сите нивоа во согласност со Охридскиот договор.

– Токму ова ќе се случи со одобрување на еден посебен закон за употреба на албанскиот јазик во новиот парламентарен состав. Македонија ќе стане посилна, еднаква – изјави Груби.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1